Подготовката на овој сладолед од кајсии не е премногу напорна, вклучува печење кајсии (да, да, овој рецепт вклучува печење иако е сладолед) и времето потребно за да се излади и замрзне.
Добиениот сладолед можете да го чувате во замрзнувач неколку дена и да уживате во него секогаш кога ќе треба да малку да се разладите и засладите.
Подготовка:
Прво испечете ги кајсиите, загрејте ја рерната на 180 степени и претходно исечканите и исчистени кајсии ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
Посипете ги со половина од кафеавиот шеќер и печете ги околу 20 минути. Извадете ги од рерна и оставете ги да се изладат, а потоа измелете ги во блендер. Потоа во тенџере на средна температура загрејте ги павлаката, медот, остатокот од шеќерот, а можете да додадете и малку сол.
Мешајте додека се згусне и смесата не стане мазна, по што тргнете ја од оган и префрлете ја во друг сад. Ставете ги пасираните кајсии во неа и ставете сè во фрижидер додека не се излади целосно.