Домашен пудинг од мандарина: кремасто задоволство со секој залак

Овој домашен пудинг ви ја носи совршената комбинација на овошје и крем, а за подготовка не ви требаат повеќе од неколку состојки… Уживајте!

Состојки:

килограм мандарини
чаша шеќер
две лажици пченкарен скроб
две лажици вода
половина шолја кокосово млеко

Подготовка:

Во тенџере истурете го свежо исцедениот сок од мандарина, а потоа додадете шеќер и кокосово млеко. Гответе на умерен оган додека не се растопи шеќерот и смесата не почне да врие. Скробот и водата се мешаат, се додаваат во пудингот, па се меша додека не почне да се згуснува. Префрлете го во намрсен калап за пудинг, па ставете го во фрижидер да се излади и стегне.

Scroll to Top