Домашен сладолед од малина

Домашен сладолед со производи кои ви се при рака:

Состојки:
2 ќесички шлаг пена
200 мл млеко
1 чаша павлака или кисело млеко
1 чаша шеќер
1 чаша малини
декоративни трошки
корнети

Подготовка:
Изматете ги млекото и шлаг пената. Во блендер измешајте ги павлаката, шеќерот и малините, а потоа смесата соединете ја со изматениот шлаг. Ставете го сладоледот да се замрзне. Рабовите на корнетите натопете ги со растопено чоколадо и шарени декоративни трошки, а потоа ставете топки сладолед во корнетот.

Декорацијата може да ја направите и на чашка за сладолед.

 

Scroll to Top