Потребни состојки:
150 грама брашно
115 грама путер
60 грама кисела павлака
60 милилитри вода
2 лажици свежо исцеден сок од лимон
1 јајце
1 лажица млеко
прстофат сол
За филот:
700 грама свежи шампињони
45 грама тврдо козјо сирење
4-5 гранчиња мајчина душица
2 чешниња лук
1 лажица путер
1 лажица маслиново масло
½ кромид
1 гранче рузмарин
сол и бибер по желба
Начин на подготовка:
Измешајте го брашното со малку сол, па додадете ги коцките изладен путер. Со прстите втријте го путерот во брашното додека не добиете смеса што наликува на влажен песок. Во посебен сад измешајте вода, павлака и сок од лимон, па добиената смеса истурете ја во брашното и путерот. Убаво мешајте додека состојките не се соединат. Добиената смеса префрлете ја на набрашнета површина и размесете ја со раце за да добиете мазно тесто. Покријте го тестото со фолија и оставете го во фрижидер еден до два часа да се излади.
Подгответе го филот: загрејте го маслиновото масло во голема тава и пропржете ги тенко исечените шампињони. Пржете околу 4 до 6 минути додека печурките не почнат да добиваат златно-жолта боја. Додадете сол и бибер по вкус. Во тавата додајте путер, кромид, гранчиња мајчина душица и рузмарин. Промешајте и динстајте сè заедно уште неколку минути. На крајот додадете ситно сечкан лук и пржете уште една минута. Оставете го филот да се излади.
Изладеното тесто развлечете го во круг со дијаметар од 30 сантиметри на набрашнета површина. Ако тестото е премногу ладно и тврдо, оставете го да омекне неколку минути на собна температура. Во изладената смеса за пита додајте парчиња тврдо козјо сирење и сè рамномерно распоредете по средината на развлеченото тесто. По работ на растегнатото тесто оставете три до четири сантиметри слободен простор. Преклопете го преостанатиот раб од тестото над смесата. Намачкајте го работ на тестото со мешавина од едно јајце и една лажица млеко. Печете во загреана рерна на 200 степени 40 до 50 минути. Оставете ја да се излади десетина минути пред да ја послужите.