Познатата актерка и водителка Кели Рипа (55) привлекува внимание со своето извајано тело, а со оглед на тоа што често е на телевизија, милиони обожаватели секојдневно уживаат во различни снимки и со право се прашуваат која е тајната на оваа убавица.
Извајаните стомачни мускули, но и тонираните раце се речиси заштитен знак на оваа убавица, а секоја нејзина објава во бикини е гозба за очите. Сепак, таков изглед не падна од небо, барем не кога е во прашање Кели.
Како што откри нејзиниот тренер, со кого водителката соработува 14 години, Кели тренира шест дена во неделата по 45 минути.
„Дури и кога патува, ќе направи тренинг, ќе одвои 45 минути и тоа е тоа. Има елементи на танц и експлозивност, а има и кардио, за да се зголеми интензитетот на тренингот“, пишува HELLO.
Колку е дисциплинирана Кели, покажува и фактот дека не го прескокнува тренингот без оглед на нејзините обврски и дали спиела во текот на ноќта. Секако, тука е и здравата исхрана, па затоа таа го започнува денот со тост со авокадо и семки, а нејзиниот ден не може да помине без зеленчук и овошје.
На овој начин, Кели Рипа докажа дека ништо не доаѓа преку ноќ, а совршеното тело е секогаш резултат на долгогодишна дисциплина и посветеност.






