Риалити ѕвездата Моли Смит, победничка на шоуто „Love Island All Stars“, повторно се најде во центарот на вниманието поради фотографиите направени на Мајорка, на кои позира во тесно бикини, а нејзиното затегнато тело и витка фигура оставаат многумина без зборови.
„Сезона на бикини“ – беше сè што напиша атрактивната русокоса со објавата од Мајорка, а во преден план се нејзините совршено обликувани стомачни мускули додека лежи на лежалка.
И бикинито изгледаше како да се вклопува во атмосферата, а овој изглед на плажа го зачини со очила за сонце и дискретен накит.
Таа направи неколку пози за да ја покаже својата беспрекорна фигура и исончан тен, и доби многу комплименти за својот изглед.
„Секој пат ми го одземаш здивот“, „Целиот труд се исплати“, „Изгледаш апсолутно неверојатно. Тоа тело е совршено“, се некои од коментарите упатени кон ријалити ѕвездата.
Таа го постигнува овој изглед преку тренинг и не крие колку обожава да вежба, а често ги покажува своите тренинзи на социјалните мрежи.
Таа гордо го покажува своето тело откако ослабе 40 килограми, а обожава и да вежба со своето момче Том Клер, кого го запознала во гореспоменатото реално шоу. Двајцата ја освоија првата сезона од шоуто.
Фото: принтскрин