Гледањето порно ќе ви го расипе мозокот и ќе имате ужасен секс, тврди терапевт за анксиозност

Пол Шепард, експерт за анксиозност, стана познат на Тик ток, кога објасни што му се случува на мозокот ако една личност гледа премногу порнографија.

„Еве неколку начини како порнографијата може да ви го расипе мозокот. Исто така може да ви го расипе и животот. Од гледање премногу порно мозокот ќе се адаптира и повеќе ќе сакате да гледате отколку да имате секс со реална личност“, рече Шепард.

Честото гледање порнографија е поврзано со анксиозноста во поглед на перформансите, еректилната дисфункција, сексуалната неадекватност и негативната слика за сопственото тело. Исто така неприродно го подига нивото на допамин. Објасни и зошто порнографијата е толку адиктивна и откри зошто е стимуланс.

„Порнографијата е супер стимуланс. Со други зборови, неприродно се подига нивото на допамин. Затоа кај некои создава голема зависност. Исто така ги прави другите работи околу вас многу помалку пријатни затоа што единствен начин на кој можете да го добиете тоа супер чувство е да му се вратите на порното“, рече тој.

Додаде и дека нема потреба да паничат оние кои гледаат премногу порнографија. Сподели некои совет за како повторно може да се оспособи мозокот, ако љубовта кон филмовите за возрасни го направила своето. Некои знаци дека премногу сте гледале порно се зашеметеност, замор, демотивација и општа раздразливост.

Пол вели дека вежбањето е најдобар лек за тоа.

„Рестартирајте се и повторно оспособете го мозокот со целосна апстиненција и наместо тоа работете нешто друго“, советува Пол.

Објасни дека првиот чекор за заздравување е признавањето дека имате проблем. Тренерот потоа ги советува луѓето да вежбаат и да се опуштат, затоа што мастурбацијата обично се користи како начин за ублажување на тегобите.

„Наведете што сè жртвувате во животот заради своите навики и поставете си го себе си тоа како цел. Променете го начинот на размислување и сметајте го ова како предизвик во кој морате да победите“, рече Пол кој додаде дека мастурбацијата сама по себе не е штетна, како и порнографијата, ако се практикуваат умерено. Проблем настанува кога ќе се пореметат останатите аспекти во животот.

Scroll to Top