Го нарекуваат „разбивач на масти“: Овој појадок им помага на луѓето да изгубат до 3 килограми неделно

Појадокот е основа на здрав ден. Го поттикнува вашиот метаболизам, а со правилен избор на храна, килограмите ќе се стопат без многу напор.

За појадок, клучно е да посегнете по храна што нè држи сити долго време и обезбедува доволно енергија за целиот ден.

А што е оваа магична група намирници? Одговорот е јасен – протеини.

Бројни студии покажаа дека појадокот богат со протеини ќе поттикне поголемо согорување на калории. Покрај тоа, протеините го намалуваат ризикот од напади на глад попладне.

Според експертите, грчкиот јогурт и јајцата се идеални состојки за диетален појадок.

Грчкиот јогурт содржи голема количина на протеини и има малку масти и шеќер. Секако, важно е да се провери дали е направен од полномасно или обезмастено млеко, бидејќи тоа има директно влијание врз бројот на калории што ги внесуваме.

Студија во која учествувале 20 жени покажала дека оние кои јаделе грчки јогурт биле помалку гладни во текот на денот, а со тоа консумирале 100 калории помалку.

Друга студија го потврдила овој факт – испитаниците кои редовно консумирале грчки јогурт еден месец постигнале подобри резултати кога станува збор за губење на тежината од оние кои не го јаделе за појадок.

Јајцата се исто така здрава храна богата со протеини која ќе ве држи сити долго време. Тие се одличен извор на биотин, важна хранлива материја што се користи во метаболизмот на мастите и шеќерите. Познат е и како витамин Б7 или витамин Х.

Постојат многу начини да се подготви оваа храна, но експертите откриле која е најздравата.

Според студија објавена во The Journal of Nutrition, јајцата ја задржуваат својата хранлива вредност најдобро ако се консумираат варени.

Готвењето јајца исто така ја уништува можната салмонела и ја зголемува содржината на протеини во нив за дури 40 проценти, што нè прави да се чувствуваме сити.

Ако јајцата се подготвуваат во форма на омлет или кајгана, што вклучува многу високи температури и голема количина масло или маснотии, нивото на витамини и антиоксиданси во нив се намалува, а во исто време се зголемува и нивото на холестерол, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

фото: принтскрин

Scroll to Top