Која кабина е најхигиенска? Истражувањата нудат изненадувачки одговор

Според она што истражувачите го нарекуваат „преференција за централност“, повеќето луѓе најчесто избираат средна опција кога им се нудат повеќе избори — без разлика дали станува збор за игра со карти, избор на сендвич за ручек или кабини во тоалет.

Постои теорија дека кога сте во јавен тоалет, треба да ги избегнувате средните кабини секогаш кога можете и наместо тоа да ја избирате првата кабина. Се смета дека таа најмалку се користи, што значи дека е веројатно најчиста.

„Точно е дека, ако ги погледнете истражувањата, луѓето (свесно или несвесно) имаат тенденција да ги избираат кабините што се во помалку пристапниот дел на тоалетот и да ги избегнуваат оние на самиот почеток“, вели д-р Филип Тиерно, клинички професор по патологија на NYU Langone Health во Њујорк, пишува The Healthy.

Едно истражување од 1995 година, објавено во списанието „Psychological Science“, се занимавало со оваа тема — и можеби го покренало опсесивното прашање која кабина да ја изберете во јавен тоалет.

Психологот Николас Кристенфелд следел колку често се менува тоалетната хартија во секоја од четирите кабини во текот на десет недели.

Резултатите покажале дека 60 отсто од потрошените ролни биле од средните кабини, додека само 40 проценти од оние на краевите. Ова укажува на тоа дека „преференцијата за централност“ преовладува — многу повеќе луѓе ги користат средните кабини.

Анкета спроведена од „New York Magazine“ отишла чекор подалеку и ги анализирала разликите во навиките на мажи и жени. И мажите и жените најчесто ја избираат средната кабина, но бидејќи кабините и писоарите ретко изгледаат исто, мажите почесто ја избираат онаа што им е најблиску до вратата.

Во секој случај, важно да се придржувате до правилата за хигиена во јавните тоалети.

Носете свои влажни марамчиња.

Секогаш мијте ги рацете по користење на тоалетот.

Сушете ги рацете со хартија и користете хартија за затворање на чешмата.

Ова е најдобриот начин да се заштитите од бактерии.

Scroll to Top