Ако сакате да изгубите некој килограм плус, избегнувајте ги овие грешки што најчесто ги прават сите што се на диета…
Пиете погрешни работи – утрото го започнувате со засладено кафе со млеко, попадне се честите со сок, а навечер пиете некој алкохолен пијалак? Подобро е да изберете обична вода и чај со мед, а алкохолот и презасладените сокови избегнувајте ги.
Го избегнувате појадокот – доколку верувате дека оваа навика ќе ве доведе до топење на вишокот килограми, грешите. Прескокнувањето на било кој оброк води исклучиво до прегладнување, коешто освен што не е здраво, резултира со прејадување во моментот кога повеќе едноставно не можете да го издржите гладот. Освен тоа, со смалувањето на бројот на оброци во денот го забавувате својот метаболизам, а со само тоа и слабеете побавно и потешко. Задолжително изедете појадок најдоцна еден час по вашето будење, притоа комбинирајќи интегрален леб со малку протеини и масти помалку, здравите оброци јадете ги неколку пати дневно. Оброк може да ви биде и една шака бадеми, чаша свежо исцеден сок или некое од омилените овошја.
Не консумирате јаглехидрати – губитокот на последните неколку килограми нема да го постигнете само со избегнување на јаглехидратите. Елиминирајте го белиот леб, пецивото и колачите, но оставете го лебот од целото зрно како дел од својата исхрана. Освен лошите масти како што се транс мастите кои ги пронаоѓаме во кексот, ниту еден збир на нитриенти не би требало во потполност да ги исфрлите, туку напротив, би требало да ги јадете умерено, и секако, бирајте ги најздравите опции.
Јадете еднолична храна – немојте никако пречесто да јадете едни исти оброци и намерници затоа што на овој начин веројатно порано или подоцна ќе ја изгубите волјата за слабеење. Затоа својот вообичаен оброк треба секогаш да го надополнувате со различни прилози и зеленчук, односно да јадете што е можно поразновидна храна правејќи го оброкот секогаш одново поинтересен и повкусен.
Не водите сметка за калориите – по некое чоколатце, пуканки за време на филм, малку кикирики за време на дружење… Доколку не водите грижа за тоа колку калории навистина внесувате во организмот, иако потполно сте заборавиле на оброците кои всушност не ни ги доживуваме на тој начин. Доколку немате доволно контрола ваквите грицки во потполност да ги избегнувате, водете си дневник за исхраната кој ќе ви помогне ниту една внесена калорија повеќе да не биде заборавена.