Еден од најсилните афродизијаци секако е мирисот. Дали ни останало од оној животински период од нашето постоење на оваа планета или се работи за сосема нешто друго, не знаеме, но факт е дека мирисите завршуваат работа. Доколку сакате да го излудите својот маж, еве неколку мали трикови кои го разгоруваат огнот и во сантата лед.
Мирисот на тиква е еден од мирисите на кои, признајте, никогаш не би помислиле. Како што некои од истражувањата покажаа, мирисот на тиква го подигнува нивото на тестостерон во крвта на машките – до неиздржливост. Уште кога ќе се искомбинира со арома на лаванда…
Според некои истражувањата, мирисот на тиква кај мажите го подигнува нивото на тестостеронот и до 40% . Експертите ваквиот ефект на тиквата врз машките хормони го препишуваат на високата концентрација на цинк во тиквите, а познато е дека цинкот е одличен мотиватор за потенција и ерекција. Освен лавандата и тиквата, ист ефект кај мажите има и аромата на ванила и јагода.
Значи девојки, доколку сакате вечер вашето маче да стане ѕвер во кревет, подгответе му пита од тиква или сладолед од ванила со прелив од јагода. Верувајте, ќе завие на полна месечина. А, и вие…