Најсекси бабата на светот ја откри тајната за убавиот изглед

Џина Стјуарт позната како најзгодната и најубава баба на светот ја откри тајната за убавиот изглед. Утре полни 52 години и вели дека низ периодот како се занимавала со манекенство постојано води сметка за нејзиното тело и изглед.

Има три внуци и објасни дека луѓето не мораат да се прилагодуваат на системот на верувања кој вели дека сме стари.

„Иако сум стара ми се допаѓа како се чувствувам. Се обидувам да водам сметка за себе на најдобар можен начин и да уживам да го споделам моето знаење на страницата за здравје на мојот „Инстаграм“. Има многу кои сакаат да им откријам тајни, совети и трикови“, рече Џина.

Објасни дека јаде само органска храна ѝ се обидува да ги избегне адитивите.

„Верувам дека со стареењето се менуваме од надвор, но и од внатре. Животот може да не оптерети, но со дисциплиниран позитивен и ментален пристап можеме да се носиме со сето тоа“, рече Џина која откри дека првото дете го родила на 19 години.

„Моите деца брзо пораснаа и на моменти не ми се верува дека сум баба. Горда сум на сите нив на она што го постигнале. Подготвена сум и за следните 20 години. Знам дека тоа ќе биде предизвик затоа што сите со време старееме, но знам дека сите можеме да поминеме низ животот многу поздрави и физички да бидеме посилни. Потребно е само знаење, труд и преданост. Се надевам дека ќе ги инспирирам и другите да го направат она што го правам јасс“, рече Џина и додаде:

„Грижата за себе си е еден од најголемите предизвици и на крај ќе се исплати додавањето на повеќе години во вашиот живот“.

За потсетување, претходно откри дека се негува со кокосово масло, за кое велат дека е одлично за хидратација на кожата, брчките и намалување на воспаление на кожата.

„По навика користам кокосово масло на кожата. Го ставам од главата до петтите секогаш по туштање. Го користам од 19 година. Црсто верувам дека тоа ѝ помогна на мојата кожа да изгледа младо. Кожата го впива сето она што ќе го ставите на неа, па мислам дека не е добро да користите лосиони кои се полни со хемикалии. Кокосовото масло е целосно природно и сјајна алтернативна за лосионите“, порача Џина.

 

 

 

Scroll to Top