Преостанатите варени јајца од Велигден преостанатите, може да ги искористите за да направите домашната паштета.
Вкусниот намаз брзо се подготвува, а е одличен избор за појадок со свеж домашен леб или мафини.
Потребни се 8 варени јајца, 3 лажички павлака, 2 чешњиња лук, 2 лажици сенф, сол, бибер, малку млад кромид и зачини по ваш вкус.
Најпрво излупете ги јајцата, исечкајте ги, ставете ги во сад и изгмечете ги со вилушка. Додадете ја павлаката, сенфот, солот, биберот, ситно сечканиот лук и зачините по вкус и измешајте. Намазот може да го мачкате на кришка леб.