Нутриционистка наведе која секојдневна храна сериозно му штети на организмот

Нутриционистката Алајна Хачинсон е специјализирана за здравјето на цревата и многу добро знае каква храна треба да јадеме и да избегнуваме доколку сакаме да го подобриме здравјето на нашиот дигестивен систем.

Првото нешто на списокот на храна на Алајна што треба да се избегнува се вештачките засладувачи. Како што вели, некои од нив можат негативно да влијаат на цревата.

Следува пржената храна, која тешко се вари и може да придонесе за воспаление во гастроинтестиналниот тракт.

„Високата содржина на масти, исто така, може да го наруши балансот на цревните бактерии“, истакна таа.

Исто така, важно е да избегнувате преработено месо, како виршли и колбаси.

„Исхраната богата со преработено месо е поврзана со зголемен ризик од воспалителна болест на цревата и состојби како што е колоректалниот карцином. Соединенијата произведени за време на преработката на месо може негативно да влијаат на здравјето на цревата“, истакна таа.

Кога станува збор за храната што треба да ја јадеме, Хачинсон советува супа од коски, калинка, црн грав, рукола и остриги.

Scroll to Top