Тенката половина е пожелна за секоја жена, но во обидот да се стигне до неа честопати се прибегнува кон нездрави и болни начини за постигнување на целта.
Истражувањата покажаа дека анасонот, ананасот и нането го зголемуваат нивото на дигестивните ензими, така што храната полесно се вари и останува покусо во телото. Следуваат уште неколку кратки совети.
1. Помалку сол
Прекумерното количество сол во организмот предизвикува таложење и задржување на водата во организмот. За намалување на половината, треба да се намали и количината сол во храната, па, така, вишокот течност ќе излезе од телото, а тоа е олеснување за целиот организам.
2. И ѓумбирот е полезен
Истражувањата покажуваат дека и ѓумбирот има корисно влијание врз варењето. Тој, како и анасонот и нането, го зголемува нивото на ензимите за варење, така што тоа оди полесно. Покрај тоа, нането ги намалува гасовите и грчевите, ѓумбирот помага при мачнина, а анасонот е природен диуретик, кој го спречува задржувањето на водата во организмот.
3. Повеќе пробиотици
Пробиотиците во исхраната ја одржуваат рамнотежата на цревните бактерии. Имено, кога ќе дојде до нарушување во количината корисни бактерии, тогаш доаѓа до гасови и подуеност. Пробиотиците не само што се одлични за варењето туку и го подобруваат расположението и го зајакнуваат имунитетот.
4. Повеќе ананас
Јадењето ананас придонесува за подобро варење и го смирува дигестивниот тракт. Имено, богат е со бромелаин, особено неговиот средиштен тврд дел. Тоа е ензим што ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и ја намалува акумулацијата на гасови во цревата.
5. Ферментирана храна
И ферментираната храна во одредена смисла, како што пишува „Кликс“, е доста корисна за здравјето на цревата и правилното варење. Го стимулира растот на корисни бактерии, како бифидобактериите и лактобацилите, и на тој начин создава одличен извор на природни пробиотици. Покрај тоа што помага да се намали количеството гас, го стимулира и лачењето серотонин – хормонот на среќата што се произведува и во цревата.