Повеќето луѓе го започнуваат денот со нив – храна која не треба да се јаде на празен стомак

Појадокот е клучен оброк кој дава енергија за остатокот од денот. Сепак, не е важно што прво внесуваме во телото.

Меѓу намирниците кои се сметаат за најштетни за консумирање на празен стомак се сите пекарски производи направени со квасец.

Според лекарите, таквата храна го иритира желудникот и предизвикува прекумерно производство на гасови. Исто така, шеќерот кој се наоѓа во пекарските производи го зголемува нивото на инсулин во крвта.

Нутриционистите сметаат дека кафето и сендвичите се најлоши опции за појадок. Тие велат дека негативно ќе делуваат и цитрусните и овошните сокови на празен стомак бидејќи го иритираат гастроинтестиналниот тракт. Станува збор за храна која содржи киселина која ја иритира слузокожата на желудникот, што може да доведе до гастритис, чир и други заболувања.

Дури и бананите се штетни за јадење на празен стомак. Го зголемуваат оптоварувањето на срцето и го нарушуваат балансот на калиум и магнезиум во организмот, па затоа е секогаш подобро да ги јадете после оброк, пренесува Index.hr.

Друга штетна храна на почетокот на денот се ферментираните млечни производи. И покрај содржината на бактерии важни за телото, тие не носат никаква корист.

Како што објаснуваат експертите, „микроорганизмите едноставно умираат во хлороводородната киселина која се акумулирала во желудникот преку ноќ“.

Scroll to Top