Речиси секоја бремена жена се прашува дали редовното вежбање може да биде лошо за нејзиното здравје и за здравјето на бебето, а доколку сте и вие меѓу нив, би требало да знаете дека слободно можете да практикувате физичка активност, но претходно прочитајте ги основите совети за удобно и сигурно вежбање во текот на бременоста:
- Разговарајте со својот лекар
Пред да одлучите да почнете со вежбање, консултирајте се со својот лекар. Доколку редовно сте вежбале пред бременоста и доколку вашата бременост не е ризична, веројатно ќе можете да продолжите со тренинзите, но ќе мора да го промените начинот на вежбање
- Пијте многу вода
Задолжителното консумирајте вода пред, за време и после тренингот. Во спротивно можете да дехидрирате, што може да доведе до предвремени контракции и зголемување на телесната температура. Двете работи можат да бидат опасни за бебето.
- Внесувајте повеќе калории
Иако буквално не јадете за двајца, би требало да внесувате повеќе калории кога сте бремени, особено ако вежбате. Се препорачува бремената жена да внесува меѓу 300 и 500 дополнителни калории дневно за време на бременоста. Земајте калории од овошјето, зеленчукот, немасното месо, рибата и житарките.
- Загревањето е задолжително
Важно е да се загреете пред почетокот на тренингот. Загревањето ги подготвува вашите мускули и зглобови за активност и постепено го зголемува отчукувањето на срцето, а за тоа се најдобри брзото пешачење или трчањето во место.
- Движете се
Доколку долго стоите тоа може да го намали дотокот на крв во матката. За време на тренингот менувајте позиции или пешачете во место.
- Истегнување
Тоа е подеднакво важно како и загревањето. Истегнете се полека неколку минути по тренингот. Ова ќе овозможи враќање во нормала на отчукувањата на срцето и ќе ја спречи вкочанетоста на мускулите следниот ден.
- Не се прегревајте
Зголемувањето на протокот на крв значи дека за време на бременоста ќе се чувствувате потопло, отколку вообичаено, а уште повеќе кога вежбате. Многу е лесно да се прегреете за време на бременоста, а тоа ќе го спречите доколку носите широка облека. Доколку чувствувате вртоглавица или тешко дишете прекинете го тренингот и одете под ладен туш.
- Вежбајте редовно
Тренингот нека ви стане рутина. Важно е да останете во форма за време на бременоста. Според истражувањата на Американскиот колеџ за акушерство и гинекологија, можете умерено да вежбате 30 минути секој ден во неделата.