Рене Зелвегер поради филмот за Брижит Џонс морала да направи целосна трансформација и се здебелила 15 килограми. Потоа таа се ссоочи со голем проблем да се врати во топ-форма. За тоа од голема помош ѝ била исхраната на познатата нутриционистка Берија Сирс.
Принципот на диетата е внесување храна според специфичен однос. Планот на исхрана е 40 проценти јаглехидрати, 30 проценти протеини и 30 проценти масти. Се внесуваат секој ден за време на овој режим. Процентите не мора да се мерат во грамови.
Д-р Бери Сирс советува да се водиме од чувствата кога е во прашање количината. Секој оброк треба да содржи една третина протеини и две третини јаглехидрати со малку маснотии. Забранетата храна во оваа диета се: банани, грозје, суво овошје, манго. Ова овошје се избегнува бидејќи содржи многу шеќер. Кога станува збор за зеленчукот, забранети се: грашок, пченка, компир. Д-р Бери истакнува дека не треба да јаде леб, печива и тестенини.
View this post on Instagram
Појадок: Омлет од 6 белки со аспарагус/авокадо или зелени пиперки и 2 лажички маслиново масло
Ручек: Салата од пилешки стек на скара, прелиена со маслиново масло, оцет и свежо овошје
Прва ужина: 1/4 чаша урда со малку маснотии, 1/2 чаша ананас, 1 лажица сечкани бадеми
Вечера: Лосос со 1 лажица бадеми, 2 чаши зеленчук на пареа, 1 шолја боровинки
Втора ужина: Парче тврдо сирење и по желба малку црвено вино
Рене Зелвегер истакна и уште една важна работа кога е изгледот во прашање, а тоа е физичката активност, која е пресудна и за килограмите и да спречите стареење на кожата.