Состојки:
– 200 гр филе ослич,
– сок од 1 лимон,
– 1 кромид,
– 1 пиперка,
– 2 компири,
– маслиново масло,
– сол, мешавина од суви зачини по желба.
Подготовка:
Измијте ја рибата и исушете ја со кујнска хартија, а потоа посипете ја со сок од лимон и оставете ја да отстои околу еден час.
Во меѓувреме сварете ги компирите, внимавајќи да не се преварат, исечете ги на тенки кришки, прелијте ги со масло и оставете ги да отстојат.
Подготвената риба сварете ја во малку посолена вода, изладете ја и исечете ја на помали парчиња.
Во помал сад измешајте ги зачините за салата од зеленчук со малку вода и останатиот сок од лимон, па оставете да отстои околу десет минути, па измешајте малку маслиново масло.
Кромидот исечкајте го на тенки ребра, а пиперката на тенки кришки.
Комбинирајте ги компирите и рибата со исечен кромид и пиперки, прелијте го со подготвениот прелив и убаво измешајте.