Состојки: 3 чаши јогурт, 1,5 чаши шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 2 лажици какао, половина чаша масло, 3 чаши брашно, половина кесичка прашок за печиво.
За прелив: 1 чаша млеко, 1 чаша шеќер, 3 лажици какао, 150 гр маргарин или путер.
Подготовка: Подгответе поголем сад. Во садот истурете 3 чаши јогурт, потоа 1,5 шолја шеќер, кесичка ванилин шеќер, 2 лажици какао во прав, потоа половина шолја масло, 3 шолји брашно и половина кесичка прашок за печиво. Потоа измешајте сè со рака додека не се соедини. Внимавајте да не останат грутки. Загрејте ја рерната на околу 200 степени. Истурете ја смесата во подмачкан плех (може да користите и хартија за печење) и развлечете ја. Ставете во рерна за печење.
Прелив: Во тавче истурете 1 чаша млеко, додадете шеќер, 3 лажици какао и маргарин или путер. Добро растопете сè. По половина час печење извадете ја тортата од рерна и оставете малку да се излади. Кога колачот доволно ќе се излади, прелијте го со веќе подготвениот прелив.