Состојки: 1 пакување розен кори, 1,5 л млеко, 5 јајца, 800 гр шеќер, 12 лажици брашно, 350 гр чоколадо за готвење, 500 гр мелени ореви, 4 кесички ванилин шеќер, 1 рендана кора од лимон.
За глазурата: 100 гр чоколадо за готвење, 1/2 чаша млеко, 1/2 чаша шеќер, 1/2 маргарин.
Подготовка: Белките се матат со 800 гр шеќер да се стопи шеќерот, а кога ќе згусне се додава жолчката и се мати уште малку. Во посебен сад измешајте 12 лажици брашно со малку млеко, а остатокот од млекото ставете го да зоврие. Во изматените јајца истурете го просеаното брашно, убаво измешајте да се соедини. Кога млекото ќе зоврие тргнете го од оган и со жица за матење измешајте ја смесата со јајцата и брашното, убаво измешајте и вратете го на тивок оган, па со постојано мешање сварете го густиот крем. Во врелиот крем додадете 300 гр чоколадо за готвење и мешајте додека убаво да се растопи. Оставете целосно да се излади, повремено мешајќи. Во изладениот крем додадете 500 гр мелени ореви, 4 ванилин шеќер и ренданата кора од еден лимон, корите се филуваат тенко, па се редат една врз друга, нежно притискајќи ги. Прелијте ја со глазурата која треба да се стопи на пареа.