Рецепт за домашна рибина паштета

Состојки:

(за 4 лица)

– 300 гр варена или печена риба

– 200 гр крем сирење по желба

– 1 кафена лажичка капари

– сок од еден лимон

– 1/2 лажичка сув билен зачин

– црн пипер

– 2 лажици маслиново масло

– 1 млад кромид, можете да користите и виолетов кромид

Подготовка:

Исчистете ја печената или варената риба од коски.

Сите состојки ставете ги во блендер и сè убаво измешајте.

Послужете со тост леб.

Scroll to Top