Состојки:
За шербет: 200-250 грама шеќер, 150-200 мл вода
За тесто:
400 грама брашно, 250 гр маргарин или путер, 2 кесички ванилин шеќер, 1 прашок за пециво, 50-60 грама кокос, 200 мл. пиво, 100 грама кокос за посипување на кифлите.
Подготовка: Прво направете го шербетот за потопување на кифлите.
Во сад се ставаат брашното, ренданиот маргарин, ванилиниот шеќер, пивото, прашокот за пециво и се прави тесто. Расукајте го тестото, поделете го на еднакви триаголници, наполнете со џем и преклопете. Кифличките печете ги на 180 Целзиусови степени додека не поруменат. Кифличките потопете ги во шербет, а потоа во кокосово брашно и оставете ги на страна, кога ќе се изладат послужете ги.