Состојки:
– 400 гр њоки
– 300 гр мелено месо по избор
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1 морков
– 250 мл пасирани домати
За домашниот прелив од Болоњезе:
– 1 лажица брашно
– 2 лажички мелена пиперка
– сол, бибер, оригано, босилек, ловоров лист
– 200 мл вода
За бешамелот:
– 70 гр путер
– 2 лажици брашно
– 600 мл млеко
– сол, бибер, морско оревче
– 150 гр пармезан
Подготовка:
Подгответе ја вашата верзија на сос Болоњезе. На малку масло пропржете ги кромидот и лукот, додадете го месото и зачинете по желба. Додадете го ситно сечканиот морков, па покријте со малку вода или супа.
По половина час додадете ја смесата од брашното, мелената пиперка, зачините и водата. Гответе на тивок оган 20 минути. Додадете ги пасираните домати и варете уште 15 минути.
Сварете ги њоките, измешајте ги со болоњезе сосот и префрлете ги во садот од рерната.
Подгответе го бешамелот. Додадете брашно на малку путер и пропржете го кратко додека не помириса. Тргнете го од оган и додајте го млекото со постојано мешање за да не се формираат грутчиња.
Се враќа на тивок оган, се додаваат зачините и сирењето и се меша додека не се згусне.
Прелијте ги њоките со бешамел сосот и печете 30 минути во рерна загреана на 200 степени.