Состојки:
– 200 гр чоколадо
– 120 гр путер
– 4 јајца
– 100 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 80 гр брашно
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете го путерот во тавче, па тргнете го од шпоретот. Додадете ја чоколадата искршена на коцки и вратете ја на рингла да се стопи со повремено мешање.
Кога чоколадото ќе се растопи, тргнете го од шпорет да се излади малку додека го подготвувате остатокот од смесата.
Јајцата и шеќерот изматете ги во сад додека не станат пенести. Додадете ја смесата со путер и чоколадо и измешајте. На крајот измешајте го брашното.
Поделете го тестото во калап за мафини и печете точно 11 минути, не повеќе. Извадете го од рерна и внимателно извадете го од калапот.
Тортата сепак ќе изгледа мека, но готова е.
Послужете веднаш со саканата декорација.