Рецепт за норевешки палачинки со компир

Состојки за норвешки палачинки од компир: 900 гр компири, 120 гр брашно, 65 мл неутрална хопла за готвење, 1 лажица путер, 1 лажица шеќер, прстофат сол.

Подготовка: Излупете ги компирите, исечете ги на помали парчиња и варете ги околу 15 до 20 минути во топла вода додека не омекнат. Добро исцедете ги компирите и двапати поминете ги низ преса за да добиете што помека текстура. Вака подготвените компири измешајте ги со неутралната хопла за готвење, путер, шеќер и сол. Добиеното тесто ставете го во фрижидер преку ноќ. Вториот ден измешајте го брашното во изладеното тесто од компири. Месете додека не добиете мазно тесто. Смесата поделете ја на околу 15 еднакви делови и обликувајте топче. Секое топче развлечете го во тенка палачинка на набрашнета површина. Загрејте ја тавата. Кога ќе почнат да се појавуваат кафени дамки на тестото, свртете ја палачинката. Ставете ја палачинката на чиста и малку влажна памучна крпа. Покријте ги пред да ги послужите за да не се исушат.




		
		
			
Scroll to Top