Рецепт за пита со тиквици

Состојки:

– 5 јајца

– 150 гр брашно

– 1 1/2 лажици прашок за пециво

– 380 гр рендани тиквички

– 1 главица кромид

– 90 гр рендано сирење

– 40 мл маслиново масло

– сол, бибер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени.

Кромидот исчистете го на ситно, а ренданите тиквички добро исцедете ги со раце.

Во сад со средна големина изматате ги јајцата, полека додавајте го измешаното брашно и прашокот за печиво и мешајте додека не се соединат состојките.

Измешајте ги ренданите тиквички, кромидот, сирењето и маслото, па зачинете со сол и бибер.

Лесно намачкајте плех или обложете го со хартија за печење, па истурете ја смесата. Ставете во рерна да се пече околу 30 минути.

Извадете ја питата, оставете малку да се излади, исечете и послужете.

Scroll to Top