Рецепт за плескавици од ориз

Состојки:

(за 3 лица)

– 200 гр варен ориз

– 2 мали главици црвен кромид

– 2 лажици маслиново масло

– 1,5 лажички сув билен зачин

– 1 лажичка мелен црн пипер

– прстофат чили

– 1/2 лажичка магдонос

– 2 јајца

– презла по потреба

Подготовка:

Исчистете го и ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на масло додека не порумени, а потоа додадете го оризот и динстајте со повремено мешање и преливање со вода.

Кога оризот ќе се свари, додадете ги зачините, промешајте и изладете.

Во оризот се додаваат јајцата, магдоносот и презлата, се меша додека не се добие еднолична смеса која не треба да биде премногу кашеста или тврда.

Со раце оформете колачиња и пржете ги на масло од секоја страна додека не поруменат.

Можете да користите кокосово масло или по желба.

Scroll to Top