Рецепт за посна руска салата

Состојки:

– 2 моркови (200 g)

– 2 компири (250 g)

– 1/2 чаша грашок

– 1 шолја сечкани кисели краставички

Состојки за мајонез:

– 150 гр варени наут

– 120 мл течност во која се свари наутот

– 50 мл масло

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка сенф

– 1 лажица сок од лимон или оцет

– бибер и сол по вкус

Подготовка на посен мајонез:

За да го подготвите мајонезот потребен ви е рачен блендер.

Наутот ставете го во потесен, подлабок сад (може да користите и тегла), измелете ги со рачен блендер – мешајте што подолго.

Се додаваат зачините и постепено се додава маслото и течноста во која се вареле наутот со непрекинато мешање.

Посниот мајонез е подготвен.

Подготовка на руска салата:

Посната руска салата се подготвува на ист начин како и мрсната.

Зеленчукот згответе го на вообичаен начин, кога ќе се излади исечкајте го (морковите и компирите).

Количините на зеленчук се приближни, можете да ги зголемите или намалите, во зависност од тоа каква посна руска салата сакате – посочна или посува.

Една шолја сечкани краставици е околу 5-6 краставици.

Измешајте го зеленчукот и посниот мајонез од наут.

Зачинете по вкус, додадете сол и бибер. По вкус, можете да додадете некој друг зеленчук и зачини.

Со оглед на тоа дека соодносот на сиров и сварен наут е приближно 1:2,5, (од 100 гр сиров наут ќе добиете приближно 250 гр сварен), кога ќе го сварите згответе повеќе (за да не зготвите само 100 гр. ).

Од остатокот, на пример, можете да направите хумус.

Scroll to Top