Состојки: 1250 мл супа од зеленчук или пилешкa, 320 гр ориз, 80 мл масло, 65 мл суво бело вино, 30 гр рендан пармезан, 3 супени лажици путер, 2 тиквички, 1-2 чешниња лук, сол и бибер по желба.
Подготовка: Во голема тава загрејте две лажици масло. Додадете ги сечканите тиквички и пржете две до три минути додека не поруменат. Тиквичките тргнете ги на страна. Во тавата ставете го ситно сечканиот лук и динстајте околу половина минута, па извадете го и ставете го на страна заедно со тиквичките. Загрејте ја супата во посебен сад. Во тавата ставете го остатокот од маслото и загрејте го на силен оган. Додадете го оризот, измешајте и оставете да се крчка околу една минута. Истурете го виното врз оризот и мешајте на тивок оган минута или две. Кога виното ќе испари, намалете ја температурата и додадете една третина од подготвената супа. Промешајте. Кога оризот ќе ја впие целата супа, додадете уште една третина. Промешајте. Постапката повторете ја додека не се потроши целата супа и оризот. Ќе ви требаат околу 20 минути готвење. Оризот тргнете го од оган и додадете ги путерот, ренданиот пармезан, пржените тиквички и лукот. Додадете сол и бибер по вкус. Измешајте и послужете веднаш со сезонска салата по избор.