Наместо да купувате сладолед, време е да направите домашен кој ќе биде повкусен и поздрав од оној во продавница.
Состојки:
две шолји бобинки од калинка
200 мл слатка павлака
200 мл млеко
пет лажици шеќер
две лажици мед
кесичка ванилин-шеќер
Подготовка:
Издробете ја калинката во блендер и измешајте ја со шеќер, мед и ванилин-шеќер. Слатката павлака се мати со миксер, а кога ќе се згусне масата полека се додава млекото и се продолжува со матење.
Во слатката павлака додадете ја смесата со калинка и убаво измешајте. Ставете во замрзнувач три часа да се замрзне. Украсете го сладоледот со бобинки од калинка.