Сопственичката на најжешките облини никогаш не стапнала во теретана, но ова не го прескокнува

Славната Салма Хајек со децении плени со својот изглед и харизма, а поради својата директност на многумина им е омилена личност кога е Холивуд во прашање.

Салма воодушевува секој пат со модно издание, како и сега на свечената церемонија во Санта Моника, која собра бројни ѕвезди, меѓу кои и Кејт Хадсон…

За оваа пригода Салма избра едноставна црна облека која одлично ја истакна нејзината линија и уште еднаш не потсети дека не и е грижа за денешните стандарди.

Таа го прослави својот 58 роденден и изгледа барем една деценија помлада, но никогаш не ја криела својата тајна.

„Никогаш не сум на диета, не сум добра за нив. Не сум слаба девојка. Секогаш сум на работ да бидам буцкаста, но секогаш сум задоволна“, рекла таа еднаш за својата веб-страница на која се продаваат здрави сокови.

Интересно е и тоа што Салма никогаш не тренира, единственото нешто што и помага е јогата.

„Некои луѓе се доволно дисциплинирани за да вежбаат наутро, но јас никогаш не успеав да го развијам тоа. Работам со жена во Лондон која ме научи како да се држам на начин што ги одржува мускулите активни цел ден. Така, дури и кога ги миеш забите, ги работиш мускулите. Тоа е ресторативна јога“, открила актерката.

А она што ретко кој од нас ќе го имплементира, по цена на каков било изглед, е експериментирање со храна, или поточно, бубачки. Салма го прави тоа.

„Морате да ги пржите. Сè што е пржено има добар вкус, но овие се навистина вкусни. Тие бубачки се неверојатни“, рече Салма.

Scroll to Top