За многу од нас кои сакаме слатко, десертите се еден од најголемите предизвици кога се префрламе на поздрава исхрана. Повеќето десерти се богати со шеќер, а контролирањето на внесот на шеќер е клучно за губење на тежината и целокупното здравје. Покрај тоа што слатките можат да придонесат за зголемување на телесната тежина и ризикот од дијабетес, тие значително го загрозуваат и здравјето на срцето.
Јадењето десерти богати со шеќер, масти и калории може да предизвика затнување на артериите и да има штетно влијание врз срцето. Иако многу десерти може да бидат лоши за здравјето на срцето, особено три десерти се издвојуваат како најштетни. Диететичарите и нутриционистите Вероника Роуз и Лиза Ендрјуз открија какви задоволства се тие.
Чоколадна торта
Чоколадната торта, иако омилена на прославите, е далеку од опција која е здрава за срцето.
„Чоколадната торта е десерт со висока содржина на маснотии преполн со шеќер и калории, а неговите состојки, како путер, шеќер, брашно, јајца и чоколадо, придонесуваат за затнати артерии и срцеви заболувања“, објаснува Роуз за SheFinds. Содржи заситени и транс масни киселини кои го зголемуваат нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол и го намалуваат нивото на добриот (ХДЛ) холестерол и исто така можат да предизвикаат воспаление во телото.
Сепак, тоа не значи дека чоколадото е целосно нездраво. Роуз истакнува дека темното чоколадо, богато со антиоксиданси и флавоноиди, може да го подобри протокот на крв и да го намали крвниот притисок, а со тоа да го намали ризикот од срцеви заболувања.
Сладолед
Сладоледот е омилено задоволство за многумина, но полномасните верзии можат сериозно да му наштетат на здравјето на артериите. Ендрјуз предупредува: „Покрај заситените масти, сладоледот со полномасни масти е богат со шеќер, што ги прави артериите лепливи и го зголемува ризикот од таложење на наслаги и маснотии“.
Прекумерниот внес на шеќер може да предизвика отпорност на инсулин и воспаление, кои се фактори на ризик за атеросклероза. Комбинацијата на заситени масти и шеќер може да го зголеми и нивото на триглицериди во крвта, што дополнително придонесува за формирање на наслаги во артериите и го зголемува ризикот од срцеви заболувања.
Слатки колачи
Печива, како крофни и пити, исто така содржат многу шеќер, брашно и путер, што е лоша комбинација за срцето. Rоуз конкретно предупредува за пити со јаболка: „Питите со јаболка содржат шеќер, брашно, путер и јаболка и често комбинираат заситени масти и додадени шеќери кои можат да го подигнат нивото на холестерол и да ги затнат артериите“.
Така, избегнувањето на десерти со висока содржина на шеќер, како што се чоколадна торта, полномасни сладоледи и колачи, не е само добро за вашиот струк, туку и за здравјето на вашето срце.