Три рецепти за јадења кои не се готват

Температурите се повеќе растат, па добро е да се размислува за јадења кои се приготвуваат без оган, а ги задоволуваат секојдневните потреби.

Шпагети од тиквички со рукола, домати и сирење
Состојки: 1-2 тиквички, слатка пченка, 1 прстофат куркума, мало парче фета сирење, рукола, домати.
Подготовка: Излупете ги тиквичките и направете шпагети. Средината на тиквичките ставете ја во блендер, а шпагетите во чинија. Слатката пченка ставете ја во блендер. Потоа додадете прстофат куркума и фета сирење, па измешајте ги состојките за сосот. Прелијте со сосот за шпагети и измешајте. Одозгора со рукола и домати по желба.

Маринирани буковки
Состојки: 200 гр буковки, рукола, прокељ, тамари сос, 1-2 чешниња лук, маслиново масло.

Подготовка: Исечете ги буковките на ленти и измешајте ги со листовите од рукола. Прокељот исечкајте го тенко или изрендајте, па додадете ја во печурките и руколата. Направете прелив од тамари сос, маслиново масло и ситно сечкан лук и прелијте ги печурките, руколата и прокељот. Почекајте десет минути печурките и зеленчукот да ја впијат маринадата, па послужете.

Гаспачо
Состојки: 1 кг домати, 2 лажици оцет, 1 чешне лук, 2 зелени пиперки, 2 лажички сол, 1 краставица, 5 супени лажици маслиново масло, 1 главица кромид.

Подготовка: Отстранете ја кората од стариот леб, па средината ставете ја во сад и полијте ја со млака вода. Истурете вода колку да го покрие лебот. Додадете сол и маслиново масло, па оставете го настрана неколку минути за лебот да ја впие водата и да омекне. Излупете ги доматите, исечете ги на поголеми парчиња и ставете ги во блендер. Исчистете ја пиперката, исечете ја и ставете ја во блендер. Направете го истото со краставицата, кромидот и лукот. Откако убаво ќе го изблендирате зеленчукот, додадете го лебот и оцетот и уште еднаш изблендирајте. Додадете уште вода за да ја прилагодите дебелината на супата и ставете ја во фрижидер добро да се излади. Колку вода ќе додадете зависи од тоа колку вода имало во лебот и колку сакате да биде густа супата. Послужете го добро изладеното гаспачо со леб, пиперки, краставици и кромид исечени на мали коцки.

Scroll to Top