Црвеното месо го зголемува ризикот од разни болести

Црвеното месо веќе долго време има лоша репутација, а лекарите и нутриционистите советуваат да не се претерува со негово консумирање. Препораката на лекарите е да се намали консумацијата на не повеќе од 500 грама неделно.
Нутриционистката Роксана Ехсани вели дека редовното консумирање црвено месо е поврзано со зголемен ризик од развој на висок холестерол и висок крвен притисок, што може да доведе до срцеви заболувања, а исто така го зголемува ризикот од развој на одредени видови рак.
Таа исто така истакнува дека некои студии откриле дека прекумерното консумирање црвено месо го зголемува ризикот од развој на дијабетес и може да го намали животниот век. Затоа, многу луѓе треба да го избегнуваат.

Лица со висок холестерол

Ехсани наведува дека лицата со висок холестерол не треба да јадат црвено месо секој ден бидејќи тоа уште повеќе ќе го зголеми нивото на холестерол. Најдобро би било да го ограничите количеството на црвено месо на еднаш или двапати месечно.

Лица со алфа-гал синдром

Алфа-гал синдромот е всушност алергија на црвено месо. Тоа е молекул на шеќер што се наоѓа кај цицачите, а не кај рибите, птиците, рептилите или луѓето. Може да предизвика горушица, дијареа, гадење, кашлица, силна болка во стомакот, отекување на усните, очите и грлото.

Лица со срцеви заболувања

Лицата со срцеви заболувања треба да бидат многу внимателни со внесувањето црвено месо бидејќи можеби веќе имаат наслаги во нивните артерии и треба да внимаваат на тоа. Ако артериите се блокираат, може да дојде до срцев удар или мозочен удар.

Лица со напредна бубрежна болест

Доколку имате проблеми со бубрезите, треба да избегнувате исхрана богата со протеини. Препорачливо е да го намалите внесувањето протеини на помалку од еден грам на килограм од вашата тежина.

Лица со поголем ризик од срцеви заболувања

Ако имате еден или повеќе фактори на ризик за срцеви заболувања како што се висок крвен притисок, висок холестерол, дијабетес, дебелина, физички сте неактивни и/или јадете нездрава исхрана, веројатно треба да бидете повнимателни со честото јадење црвено месо.

Лица со семејна историја на одредени видови рак

Нутриционистката Ехсани наведува дека лицата што консумираат црвено месо и месни производи имаат поголем ризик за развој на рак на дебелото црево. Поради оваа причина, луѓето чии членови на семејството страдале од рак на дебелото црево треба да бидат внимателни. Една нова студија покажа дека црвеното и преработеното месо може да предизвикаат генетско оштетување што може да предизвика и рак на дебелото црево.

Scroll to Top