Заборавете на скапите креми – ова растение го подмладува лицето и му го враќа природниот сјај

Заборавете на скапите козметички третмани и кремите од 10.000 денари – природата има решение кое делува побрзо отколку што мислите.

Оваа моќна билка, која многу луѓе ја имаат во својата градина или кујна, може да го подмлади лицето за само една недела. Нејзините активни состојки делуваат длабински, затегнувајќи ја кожата, бришејќи ги фините линии и враќајќи го нејзиниот природен сјај.

Што го прави толку посебен?
Тоа е магдонос – скромна билка што обично ја користиме како зачин, но всушност е полна со витамин Ц, бета-каротен и антиоксиданси. Овие состојки го стимулираат производството на колаген, го намалуваат воспалението и го осветлуваат тенот. Магдоносот делува како природен тоник, ги отпушува порите и ја освежува кожата.

Како да го користите?
Најефикасниот начин е да направите маска од свеж магдонос. Ситно исечкајте го, измешајте го со лажица јогурт и неколку капки лимон. Нанесете на чисто лице, оставете да делува 15 минути и исплакнете со млака вода. Повторувајте ја постапката секојдневно седум дена.

Неверојатни резултати
По само неколку дена, кожата станува поцврста, тенот порамномерен, а брчките се помалку видливи.

Корисниците тврдат дека нивното лице изгледа посвежо и поодморено, како по професионален третман. Ефектот е особено забележлив на уморна, сива кожа склона кон брчки.

Совет
За дополнителен поттик, користете чај од магдонос како тоник – натопете памукче во него и избришете го лицето секое утро. Оваа рутина не само што ја подмладува, туку и ја штити вашата кожа од надворешни влијанија.

Фото: принтскрин

Scroll to Top