Според неодамнешните истражувања, силибининот, екстракт добиен од растението наречено млечен трн, помага во заштитата од рак на кожата и го забавува процесот на стареење предизвикан од изложеноста на ултравиолетови зраци.
Ракот на кожата е едно од најчестите малигни заболувања денес. Тоа е предизвикано од абнормален раст на клетките на кожата, а најчеста причина е прекумерното изложување на сончева светлина.
„Ако имаме клетка под влијание на УВ зрачење, сакаме или да ја поправиме или да ја уништиме, докажавме дека силибининот ги прави и двете“, рече Рајеш Агарвал, еден од водачите на истражувањето.
Рајеш објасни дека кога ги третираме здравите клетки на човечката кожа со силибинин, ништо не се случува. Но, кога ги третираме оштетените клетки, силибининот ги уништува, така што тие не можат да се развијат во рак на кожата.
Ова епохално откритие многу ќе помогне во лекувањето на меланомот. Пронајдете ја оваа билка и масирајте ја кожата со неговите сокови, но внимавајте, има многу остри боцки.