11 причини да се уверите дека добро изгледате

Имаме 11 добри причини да ве увериме во тоа!

1. Вашиот живот нема да се промени ако вашата фигура биде поинаква. Сите луѓе кои ве сакаат тоа го чувствуваат поради низа причини, но ниту еден нема врска со вашата тежина.

2. Постојат милион подобри работи на кои треба да потрошите време отколку да размислувате за својата тежина. На пример, направете колач и поканете ја мајка ви, сестра ви или тетка ви. Или читајте книга. Или од орманот извадете сè што не сте носеле две години, па она неупотребливото фрлете го, додека она што е во ред дадете го некому кому е потребно.

3. Стандардите за убавина често излегуваат од холивудските фабрики за соништа – а во тоа е место, многу малку од тоа е нормално. Да погледнеме што вели Џенифер Лоренс на оваа тема: „Јас во Холивуд сум дебела. Ме сметаат за дебела актерка. И мислат дека јадам како прачовек. Мислам дека ќе бидам единствена актерка која не ја поврзале со анорексија! Никогаш нема да прифатам изгладнување поради некоја улога! Никогаш! Не сакам девојчињата да зборуваат: Ох, сакам да изгледам како неа, па отсега ќе ја прескокнувам вечерата.“

4. Килограмите се важни само кога станува збор за здравјето. Да го расчистиме тоа еднаш засекогаш – не сакаме да зборуваме за тоа како треба да изгледа вашето тело, туку ние само сакаме вие да сте здрави и задоволни. Дали докторот ви рекол треба да ослабете или да се здебелите? Не? Тогаш супер – можете да заборавите дека вагата се наоѓа под мијалникот во купатилото. Но поради сопственото здравје, јадете квалитетно (значи, нека ќебапите и тортата не бидат основа на секојдневната исхрана), умерено вежбајте, движете се по свеж воздух и сè ќе биде добро.

5. Ви треба ли уште една потврда? Тогаш ќе ве потсетиме на зборовите на Мерил Стрип: „Немојте премногу да се грижите за својата тежина. Мислам дека младите луѓе премногу размислуваат за тоа и сите сакаат да изгледаат исто, според одреден стандард. Но вистината е онаа дека правата снага на човекот е во тоа колку истиот е посебен, свој и поразличен од другите.“

6. Трендовите и така постојано се менуваат. Навистина ли сакате постојано да ги следните трендовите и да го обликувате своето тело спрема нив или повеќе би сакале да уживате во својата кожа и да се радувате на задоволствата кои секоја доба од животот ги носи?!

7. Не постои совршена фигура. Затоа немојте ни да се обидувате да ја постигнете. Но постои совршено тело – она кое ви дозволува да трчате, да ја работите својата работа, да танцувате, да се смеете… Во него сепак се исплати да вложите по некој напор!

8. Храната е многу вкусна и постои да ја јадеме. Сакате ли навистина да го поминете животот во денови кога на непцето нема да почувствувате чоколадна торта или сакате да седите на маса и да пиете вода додека сите на роденденот на вашиот дечко јадат ќебапи и пијат пиво? Размислете уште еднаш. Ако не сте алергични на какао или на глутен, зошто засекогаш би се откажале од ваквите уживања?

9. Никој нема да ви честита затоа што сте изгубиле килограм-два кои ве мачеле. Многумина дури нема ни да забележат. Понекогаш ниту вие самите! Според тоа, зошто воопшто да се оптоварувате?

10. Понекогаш ќе посакате да испиете пинаколада или некој друг алкохолен коктел со другарките. Можеби сите книги околу диетите велат дека наместо тоа, повеќе би сакале да порачате чаша вино или вотка, ако сте се одлучиле за кокос, ананас и слатко, тогаш дозволете си една чаша.

11. Толку многу досега сте постигнале – и уште ќе постигнете во животот, но два сантиметри горе или доле во колковите навистина не мораат да бидат забележени како ваша победа.

Scroll to Top