Дуњи за здравје и убавина: Како да направите мелем и лосион

Народната медицина покажува дека семките од дуња содржат се што ни е потребно за лице без брчки и негувани усни.

Подготовка мелем за нега на лице и усни

За овој природен препарат со кој успешно ќе се борите против брчките на лицето и ќе ги залечите испуканите усни, потребна ви е една кафена лажичка семки од дуња, кои прво треба да се исецкаат ситно, а потоа да се изматат во блендер. Ситно издробените семки треба да се прелеат со две лажици зовриена вода.

Кога ќе ја измешате добиената смеса, оставете ја да отстои 10 минути, а потоа нанесете ја на деловите од лицето што сакате да ги „излечите“ од брчките или на усните – доколку се суви или испукани.

Лосион од дуња

Доколку сакате да се изборите со брчките, можете да користите и лосион од дуња, за кој се потребни 200 грама кора од дуња и 3 децилитри ракија (по можност комовица), во која ќе ја натопите кората и ќе ја оставите да отстои 10 дена.

Кога ќе ја процедите кората од дуњата, истурете ја добиената течност во помали шишиња и цврсто затворете ги. Нанесете го лосионот на лицето два пати на ден – наутро и навечер.

Scroll to Top