Имате стомак што не се намалува? Овие 4 намирници се главниот виновник!

Сѐ повеќе нутриционисти предупредуваат дека одредени намирници директно придонесуваат за надуеност и таложење маснотии во пределот на стомакот, па нивното ограничување или исклучување од исхраната може значително да влијае врз изгледот и здравјето.

Според стручњаците, ако сакате рамен стомак, први на листата за избегнување се индустриски преработените производи и брзата храна, кои содржат големи количини на шеќери, сол и нездрави масти. Овие намирници не само што го забавуваат метаболизмот, туку и придонесуваат за создавање масни наслаги, особено во абдоминалниот дел.

Дополнително, газираните пијалаци и производите со вештачки засладувачи често предизвикуваат подуеност и нарушување на дигестивниот систем. Тие можат да создадат чувство на тежина и надуен стомак, дури и кај лица кои не внесуваат големи количини храна.
На листата на проблематични намирници се вбројуваат и одредени „лажно здрави“ производи како мусли барови и слични индустриски закуски, кои иако се рекламираат како здрави, често содржат скриени шеќери и адитиви што негативно влијаат на телесната тежина.

Експертите нагласуваат дека клучот за рамен стомак не е само во намалување на калории, туку и во изборот на правилна храна. Наместо преработени производи, препорачуваат внесување на природни и ферментирани намирници како јогурт, кефир, комбуха и кимчи, кои го подобруваат варењето и ја намалуваат надуеноста.

Пораката е јасна – не станува збор за строги диети, туку за правилни навики. Со елиминирање на неколку клучни намирници и подобрување на исхраната, резултатите може да бидат видливи многу побрзо отколку што се очекува.

Scroll to Top