Високите количини на преработено црвено месо во исхраната се поврзани со зголемен ризик од деменција и пад на когнитивните способности, покажа новото истражување.
Истражувањата претходно покажаа поврзаност помеѓу потрошувачката на говедско, свинско и јагнешко месо со ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес тип 2, а во новата студија, научниците анализираа податоци за илјадници пациенти собрани помеѓу 1980 и 2018 година.
Експертите од општата болница Бригам, Универзитетот Харвард и Технолошкиот институт во Масачусетс откриле дека когнитивното стареење се забрзува во просек за 1,6 години за секоја просечна порција црвено месо, што е околу 85 грама.
Замената на таа порција со јаткасти плодови и мешунки е исто така поврзана со 19 отсто помал ризик од деменција и 21 отсто помал ризик од когнитивно опаѓање, според самите испитаници, според истражувачите.
Нивните наоди беа објавени во списанието „Неврологија“.
„Упатствата за исхрана се фокусираат на намалување на ризикот од хронични состојби, како што се срцеви заболувања и дијабетес, додека за когнитивното здравје поретко се дискутира, без оглед на неговата поврзаност со овие болести“, вели Даниел Вонг, доцент по исхрана на Харвард и дописник автор на студијата.
„Се надеваме дека резултатите ќе поттикнат подлабоко разгледување на врската помеѓу исхраната и здравјето на мозокот“, додаде тој.
Иако во студијата беше применета строга методологија, таа сепак се смета за набљудувачка студија.
„Никогаш не е можно да се биде целосно сигурен што предизвикува што, од една набљудувачка студија, без разлика колку е голема и колку добро е спроведена“, изјави за „Euronews“ Кевин Мекконвеј, почесен професор по применета статистика на Отворениот универзитет во Велика Британија, кој не учествуваше во оваа студија.
Намалување на внесот на црвено месо
Една нова студија ги спореди стапките на деменција кај група луѓе кои јадеа преработено црвено месо, со друга група која јадеше слично како првата група, но консумираше една порција помалку црвено месо секој ден, заменувајќи го со други извори на протеини.
„Проценките не ни кажуваат директно што би се случило кај група луѓе кои ја промениле исхраната за да јадат помалку преработено црвено месо и повеќе живина и јаткасти плодови. Ефектот од тоа би можел да биде сличен на промените забележани во студијата, а може да биде поинаку“, истакнува Мекконвеј.
Сепак, според препораките на непрофитната организација „ЕАТ“, која собира научни докази, со цел редовно да ја информира јавноста за откритијата поврзани со исхраната, а магазинот „Лансет“ ги советува луѓето да не консумираат повеќе од 98 грама црвено месо неделно, како од еколошки, така и од здравствени причини.
„Постоечките препораки за црвено месо обично сугерираат намалување на потрошувачката и негова замена со друга храна, но нивните наведени причини за таа препорака вклучуваат други асоцијации помеѓу консумирањето црвено месо и негативните здравствени резултати“, рече Меконвеј, укажувајќи на поврзаноста помеѓу храната во исхраната со ризикот од кардиоваскуларни заболувања и рак на дебелото црево.
И авторите на студијата и експертот за статистика истакнаа дека се потребни повеќе истражувања за да се потврди оваа поврзаност.
„Продолжуваме да ја составуваме оваа приказна, за да ги разбереме механизмите на деменција и когнитивното опаѓање“, рече Вонг.