Лекови без кои не би требало да одите на одмор

Ви носиме список на пет врсти лекови кои би требало секако да ги понесете со себе на годишниот одмор во случај на најчестите летни и морски болести. Ако имате мали деца, треба да внимавате секој од лековите и средствата да биде погоден за нивната доба.

Лек против мачнини

Ако знаете дека сте склони кон мачнини во текот на возењето, нека ви се наоѓа при рака секогаш соодветниот лек.

Средства против болки и повишена температура

Може да бидат во облик на таблети или шумечи таблети, на пример: Неофрен; Волтарен; Аспирин; Кафетин или Кетонал. При тоа, треба да се напомене дека Неофренот, за разлика од повеќето слични лекови, не делува агресивно на желудникот.

Средства за заштита од инсекти и средства по убодот од инсект

Спрејовите и средствата во стик ќе бидат најдобра одбрана од досадните комарци, но во случај сепак да ве „дофатат“, понесете со себе и средства кои ќе го ублажат убодот. Можете да изберете крема како Синопен или гел кој ја лади кожата, го спречува црвенилото, изгорениците и иритацијата како што е Фенистилот кој може да се примени и за изгореници од морските жаркари (на пр. Медуза), како и за изгореници од сонце.

Средство против вироза и дигестивни проблеми

Во текот на летото, чести се цревните вирози кои можат да предизвикаат дијареја, повраќање и мачнини. Добар избор би бил медицинскиот јаглен во таблети или прав кој ќе се раствори во вода и ќе се испие, па во цревата ќе ги апсорбира штетните состојки. Во случај на послаба настинка или воспаление на грлото, користете спреј за дезинфекција на истата и грлото.

Средство за чистење и санирање на раните

Во случај на гребаница или помали исекотини, добро е при рака да имате средство за чистење на раните со кои раната ќе се измие, а потоа зависно од големината на раната ќе се заштити со фластер или стерилна газа.

Scroll to Top