Намирници кои ги раздвижуваат цревата

Исхраната и варењето играат клучна улога во нашето здравје, бидејќи сè што внесуваме во телото мора правилно да се свари и искористи.

Ако цревата не функционираат правилно, телото не прима доволно хранливи материи, а во исто време, токсините и отпадот не се отстрануваат ефикасно.

Ова може да доведе до нарушувања во функционирањето на хормоните и појава на разни заболувања.

Доколку имате проблем со запек или нередовна столица, важно е да знаете дека тоа не е само непријатност, туку може да биде сигнал за посериозни нарушувања во дигестивниот систем.

Нутриционистот и специјалист за здравје на цревата, Ејвери Зенкер, истакнува дека клучот лежи во изборот на храна што е богата со растителни влакна и лесно се вари.

– Храната што промовира здрава столица е генерално богата со растителни влакна и лесна за варење – објаснува Зенкер.

2 вида влакна

Нерастворливите влакна, кои се наоѓаат во интегралните житарки и зеленчукот, го зголемуваат обемот на столицата и го забрзуваат нејзиното поминување низ цревата, со што се намалува ризикот од запек.

Растворливите влакна, кои се наоѓаат во овесот, мешунките и одредени овошја, апсорбираат вода и помагаат столицата да биде помека и полесна за исфрлање.

Меѓу храната што ја препорачува, особено се издвојува следново:

Ѓумбирот, познат по своето антиинфламаторно дејство, помага во стимулирање на работата на цревата и враќање на рамнотежата во микробиомот.

– Ова помага во навремено отстранување на отпадот и спречување на запек, надуеност и вишок гасови – вели Зенкер.

Варениот зеленчук е полесен за варење од суровиот и ги задржува повеќето корисни состојки, вклучувајќи ги и влакната.

Нутриционистот препорачува да не го избегнувате ако сакате да го подобрите варењето на храната.

Зелените (не целосно зрели) банани содржат отпорен скроб, вид на јаглехидрат кој директно ги храни корисните бактерии во цревата и ја поддржува редовната столица.

Овој скроб дополнително придонесува за намалување на воспалението и зајакнување на заштитната бариера на цревната слузница.

Ако сакате природно да го стимулирате варењето и да ја подобрите функцијата на цревата, размислете за воведување на овие намирници во вашата дневна исхрана и вашето тело ќе ви биде благодарно.

Scroll to Top