Пет начини со кои си ја намалуваме интелигенцијата

Коефициентот на интелигенција е комбинација од когнитивни перформанси, извршна функција, флуидна интелигенција и реалната применлива страна на интелигенцијата.

Но, кога станува збор за психологијата, често како индивидуи сме најголемите непријатели на себеси, односно се фокусираме на практични избори кои или го изоструваат или го затапуваат нашето размислување.

Самосаботажата не е ништо ново, а насочувањето кон попаметни навики почнува прво со именување на она што нè спречува да се развиваме. Во таа смисла, самосвеста е најдобриот противотров – ова се петте најчести повторувачки навики што нè спречуваат да бидеме најдобрите верзии од себе.

Не го третираме мозокот како мускул за тренирање

Најлошата навика што ги намалува перформансите е третирањето на мозокот како да е фиксен елемент. Психолозите го нарекуваат ова теорија на интелигенција на ентитети, што е едноставно верување дека способноста е вродена и непроменлива. Но, поефикасната алтернатива, ориентираниот поглед кон раст и развој, ја третира интелигенцијата како нешто што може да се изгради преку напор и стратегија.

Ги лишуваме нашите мозоци од сонот што им е потребен

Децении истражувања покажуваат дека спиењето е многу повеќе од едноставно време за одмор. Сонот носи со себе длабока еволутивна тежина. За нас, спиењето е кога мозокот вежба, поправа и го преработува она што го научил во текот на денот. Прескокнете го сонот и ќе ги деградирате неговите перформанси на тој начин што извршната функција  ви се намалува.

Други истражувања покажуваат дека дури и умереното ограничување на ноќниот сон ги нарушува вниманието, работната меморија, расположението и процената.

Пиеме алкохол

Алкохолот е можеби најочигледната форма на самосаботажа. Секој што испил повеќе од чаша вино знае како се менува размислувањето под дејство на алкохол, но штетата може да биде многу подлабока отколку што очекуваме.

Неодамнешни истражувања покажуваат дека консумирањето осум или повеќе алкохолни пијалаци неделно е поврзано со јасни маркери за повреда на мозокот. Се чини дека дури и умереното пиење може да предизвика долгорочна штета на нашите когнитивни способности.

Не му даваме структура на нашиот мозок 

Нашите мозоци напредуваат со структура, цел и рокови. Без нив, ние талкаме нефокусирани, саботирајќи ја секоја искра на креативност во нас. Одложувањето на извршувањето задачи, исто така, доведува до оштетувања во извршното функционирање. И најбрилијантните мислители имаат потреба од дисциплинирана структура за да функционираат со полн капацитет.

Го изложуваме нашиот мозок на „лошо друштво“

Изложете го умот на постојан млаз од лоши информации, озборувања, бес и одвлекувања на вниманието, и тој неизбежно ќе се адаптира во надолна линија. Контекстот е многу важен за нашиот мозок. Со други зборови, вашата ментална состојба тивко се менува за да одговара на она со кое го храните својот ум.

Scroll to Top