Поминувате премногу време седејќи? Ова се идеални решенија за вас

Животниот стил кој повеќето од нас го водат, а кој вклучува со часови седење пред компјутер или во автомобил, може да има сериозни здравствени последици.

Сепак, постојат одредени начини барем делумно да ги потиснете.

Меѓу најраспространетите негативни последици од седечкиот начин на живот се дебелината, хроничните болести како дијабетес тип 2, како и кардиоваскуларните заболувања. Нивната превенција често се занемарува, иако влијанието врз општото здравје е многу големо. Сепак, одредени активности можат да ни помогнат да го зачуваме нашето здравје со минимален напор и покрај долготрајното седење.

Ново научно истражување покажа дека физичката активност е од големо значење во борбата против штетните последици од седечкиот начин на живот, во која покрај придобивките за нашето здравје, се наведени и најдобрите начини за нејзино зачувување. Истражувачите анализирале голем број физички активности за да утврдат што на нашето тело најмногу му се допаѓа по долго седење и дошле до заклучок дека активностите како трчање, брзо одење, пливање и качување по скали даваат најдобри резултати.

Друга студија покажа дека спиењето игра значајна улога во регулирањето на телесната тежина. Според резултатите од истражувањето објавени од списанието „European Heart Journal“, кога би замениле само 30 минути седење со 30 минути квалитетен сон, би можеле да ја намалиме вкупната телесна тежина за речиси половина килограм, и обемот на половината за 1,75 сантиметри.

Ефектите од лесната физичка активност или работата во стоечка положба се речиси исти како и при спиење, а 30 минути во оваа положба носат приближни придобивки во однос на БМИ како и квалитетен сон. Иако самите научници наведуваат дека овој заклучок не е ништо ново, тие сметаат дека е нивна професионална должност да ја истакнат важноста да се избегне седечкиот начин на живот и да се замени со активен.

Scroll to Top