Решена дилемата дали е штетна газираната вода – еве што велат научниците

Газирана минерална вода е еден од оние пијалоци за кои кружат различни приказни. Додека едни се колнат дека делува неверојатно добро на варењето, го решава проблемот со мачнините, мамурлакот и слично, други го избегнуваат, сметајќи дека гасовите се штетни за нивниот организам.
Најголемата заблуда е дека газираната вода го „киселува“ телото.

рН на желудникот е 1,5-3,5, затоа е неопходна кисела средина за варење. Пиењето негазирана вода со pH 7 ја намалува киселоста во желудникот, а пиењето газирана вода со pH 3,5 одржува кисела средина, која е неопходна за добро варење. Затоа за варење и метаболизам најдобро е да се напиете чаша или две газирана вода после оброк.

Според клиничкото испитување објавено во 2002 година во Европскиот весник за гастроентерологија и хепатологија (автори Куомо, Грасо, Сарнели и други), газираната вода може да помогне во ублажување на запек и варење и може да ја подобри функцијата на жолчното кесе.

Може да здивнат сите оние кои до сега беа во дилема дали газираната минерална вода е здрава и дали има некакви ризици од нејзината консумација.

Газирана вода не е штетна по здравјето!

Покрај тоа што нашето тело полесно ги впива минералите од водата отколку од храната, минералните води имаат и бројни лековити својства во зависност од составот и количината на минерали кои ги содржат.

Scroll to Top