Гоца Тржан прегази куче

Српската пејачка Гоца Тржан на 31 декември објави твит на својот твитер-профил дека прегазила куче. Во пораката таа пишува дека ја испраќа годината со удрен автомобил, но, за среќа, и таа и кучето се добро.

„2017 ја испраќам со удрен автомобил зашто на автопат удрив кутро куче (душата ме боли). Браво за службата што ги одржува патиштата!!! За среќа, главата ни е на рамената и ништо не е скршено. На здравје“, стои во твитот на Гоца.

 

Scroll to Top