Јелена Карлеуша има проблеми со срцето

Пејачката Јелена Карлеуша откри дека има срцеви проблеми. Таа за првпат го откри ова во емисијата „Ѕвездите на Гранд“.

Во новата сезона од шоуто на натпреварувачите им се мери пулсот и работата на срцето и се гледа колку се возбудени и исплашени додека се на сцената. Па додека Саша Поповиќ и Снежана Ѓуришиќ ѝ објаснувале на една натпреварувачка како функционира мерењето на пулсот, Јелена се вклучила во нивниот разговор.

„Носев холтер ова лето, имам сериозни срцеви проблеми. Имам мал број на отчукувања на срцето, не преминуваат 50 и имам големо спортско срце. Моето срце забрза додека те слушав тебе“ ѝ рекла Карлеуша на натпреварувачката што била на сцената.

Scroll to Top