Криза по разводот, Ана Николиќ открила како се чуствува

Српската пејачка Ана Николиќ, која неодамна се разведе од Стефан Ѓуриќ- Раста проговори за тоа како сега се чувствува по разводот.

„Почнува да ме фаќа криза, но не е само разводот во прашање, туку и самото тоа што не настапувам речиси цела година. Одам во салта за танц овие денови за да го надоместам она што сум го пропуштила, а на тој начин ја надминувам и кризата по разводот“, изјавила Ана Николиќ во емисијата „Гламур“.

Пејачката неодамна се породи со ќеркичката Тара, на која целосно и се посвети, а сега е подготвена да се врати на јавната сцена.

Таа изјавила и дека ова и е можеби  најубавата Нова година до сега зошто и се остварило тоа што одамна го сака,  односно станала мајка. „Сакав  бебе и добив, немам никакви желби освен да бидеме сите здрави“, додала Николиќ.

Scroll to Top