Новак загрижен за здравјето на мајка си

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е загрижен за здравјето на мајка си Дијана. Таа неодамна откри дека нејзиниот најстар син многу се грижи за неа.

„Секој ден ми зборува дека мора да водам здрав живот, грижлив е и ме советува да внимавам на исхраната и да спијам редовно. Ноле закрепнува во моментот и ужива со своето семејство,“ рекла таа за еден српски магазин.

Родителите на Новак се главните виновници за неговиот успех, а тенисерот многупати повторил дека вложувале натчовечки напори за да му овозможат да се занимава со спорт. Татко му Срѓан патувал со него на сите турнири, а мајка му Дијана работела и по 15 часа на ден. Таквиот живот се одразил особено врз здравјето на Дијана, па затоа Ноле е секогаш внимателен кон неа.

 

Scroll to Top